Просечната нето плата во април изнесува 21.746 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2015 година, во однос на април 2014 година, изнесува 102.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (32.6%), Други услужни дејности (10.3%) и Уметност, забава и рекреација (9.9%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (6.0%), Транспорт и складирање (3.9%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.5%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2015 изнесува 31 939 денари. Во април 2015 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.