Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ (УМС на ВМРО-ДПМНЕ) брои 51.000 членови, што е околу 30 осто од вкупниот број членови на партијата кој достигна 170 илјади, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски во обраќањето на 24. годишна конференција на партиската УМС.
Репутацијата и бројноста на партијата што растеле во изминатите години, укажа Груевски, не доаѓаат случајно, туку како резултат на многу работа, проекти, достигнувања, вклученост, придонес, помагање, мудри раководства, мудри одлуки и постојана активност.
„Сиот тој развој се движеше заедно со развојот на партијата. УМС е еден од неколкуте клучни столбови на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа денес не е празна реторика туку реалност. УМС низ годините стана и регрутен центар за нови способни, образовани кадри. Кадри со висок капацитет и професионалност. Многумина членови на УМС денес се на различни значајни функции. Некои се членови на владата, некои се членови парламентот, други на значајни места во министерствта и државните институции, трети во ИК на партијата“, рече Груевски.
УМС, оцени, е сериозен фактор и во партијата и во државата, меѓународно активна и присутна секаде меѓу најзначајните подмладоци на најмоќните партии од Европа и светот, учествува во реформите и напредокот на Македонија и во креирањето на партиските, а преку нив и на државните политики.
Груевски го поздрави ангажманот на досегашните раководства на УМС и го охрабри сегашното да продолжи по зацртаните патеки на работење.
„УМС секогаш ја имало мојата подршка како претседател на партијата и ќе ја има и во иднина. Заедно градиме успешна приказна за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија. Заедно победивме на 9 изборни циклуси досега, без ниту еден пораз помеѓу некој од нив“, рече Груевски.
Најважно од се, истакна, е што заедно направивме многу за Македонија, и особено за младите во Македонија. Мерките на Владата за младите даваат резултати. По подолг надолен тренд, како што рече, првпат бројот на првачиња е поголем од минатата година за 1.116.
Се враќа надежта за македонската демографија иако, посочи, не чека тежок пат на ова поле, имајќи предвид дека на ред доаѓаат генерации со пониска фертилна база. – Преку „Македонија вработува“, се издвои посебна категорија за која работодавачот пет години нема да плаќа придонеси со обврска да ги задржи уште една-тоа се невработени од семејства со три или повеќе деца, што значи овие луѓе, овие семејства ќе станат поатрактивни за работодавачите во иднина. Се даде можност и за подолго неплатено породилно боледување од три месеци кое може да се искористи до возраст на детето од три години, до кога мајката е и здравствено осигурана, а од годинава воведовме и подолго платено породилно отсуство за мајки кои ќе родат две, три или повеќе деца истовремено, и за нив го зголемивме на 15 месеци породилното отсуство, наведе Груевски.
Со укинување на визната либерализација, укажа, и денес секој млад човек може непречено да се движи низ Европа без визни ограничувања.
Актуелната Влада, потенцира Груевски, вложи многу во образованието на младите. Потсети на задолжителното средно образование, проектите со кои се обезбедија бесплатни учебници, намалена партиципација за државните универзитети, обебзедените најквалитетните книги и учебници од кои се учи на највисоко рангираните универзитети низ светот преку проектот 1000/1200 книги, набавените стотина најсовремени лабаратории за поквалитетна настава на универзитетите, отворените факултети и универзитети во внатрешноста на земјата, дисперзираните факултети. Ги наброја и проектите со кои се обезбедени компјутери или таблети со тастатури за илјадници студенти, промените во студентските домови, инвестиците во изградба на 70 нови училишта и обновата на 350, изградените над 80 нови спортски сали, 50 игралишта за голем фудбал.
Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски рече дека УМС со својот креативен потенцијал и желба за напредок беше, е и ќе биде движечка сила во Македонија.
„Нашата генерација денес ја има најтешката задача досега. Денес одлучуваме дали успешно ќе продолжиме да се бориме и да ја градиме нашата држава, како економски лидер на баканот, инвестициски лидер во регионот, земја на можности за сите, или пак ќе одлучиме да се вратиме на почетокот,“наведе Нелоски и додаде дека нивната генерација одлучила да не се враќа на почеток, туку да продолжи со уште посилно темпо да совладува уште поголеми предизвици и успеси.
Според Нелоски, Македонија денес дава подобри можности за живот на секој млад човек. Од 2007 година досега вработени се над 15.000 млади. Само преку мерката за вработување млади до 29 години се вработени над 9.000 млади, или вкупно 24.000 млади во овој период, рече Нелоски, истакнувајќи дека младите денес имаат многу можности преку образоанието да градат кариери