Синоќа на летната сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа втората(поп) вечер од фестивалот „КанеоФест“2015, со што фестивалот беше затворен.
На фестивалот се натпреваруваа изведувачи на новокомпонирани, дотогаш неизведени поп мелодии, каде публиката во ревијалниот дел од фестивалот уживаше во настапите на неколку познати имиња од македонската естрада.
Инаку, фестивалот „Канеофест“, годинава се одржа по 14-ти пат.
WebOhrid/А. Андриоски