Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски.
Поводот за средбата е добиената доверба од страна на УЕФА, Скопје и Националната арена „Филип Втори” да бидат домаќини на европскиот Суперкуп 2017-та година. Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ја истакна важноста на добиената доверба од страна на УЕФА и упати честитки до претседателот на ФФМ за залагањето и промоцијата на Република Македонија во светски размери. Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, потенцираше дека за македонскиот фудбал е голема чест што ќе има историска улога во градењето на надворешниот имиџ на Република Македонија.
Следно >