Поради настанатиот дефект во текот на вчерашниот ден екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид продолжуваат со отстранување на дефектот на водоводната линија Ф300 мм поради што и денес ќе има прекин на ул. „Питу Гули“, „15-Корпус“, „Кленоец“, „Радојца Новичиќ“ и „Живко Чинго“, до 17:00 часот.
Екипите на МЈП „Проаква“ – РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на одстранување на дефектот.