Атмосферска канализација на улицата „Питу Гули“

Јавното претпријатие „Нискоградба“ изведува градежни активности на ул. „Питу Гули“ на делницата од пресекот со ул. „Марко Нестороски“ до кружниот тек на пресекот со ул. „Јане Сандански“. Во состав на активностите ќе се изработат четири премини, една собирна шахта и пет сливници за собирање на атмосферската вода.

Со одделување на дождовната вода од фекалната канализација се подобрува функционалноста на колекторскиот систем, а учесниците во сообраќајот ќе можат да се движат побезбедно во периодот на врнежи.

Niskogradba070750154852