Стефан Ристовски потпиша за Ријека

Македонскиот 23 годишен дефанзивец Стефан Ристовски е нов член на хрватскиот прволигаш Ријека.

Изминатите 5 години, како член на Парма, Ристовски беше позајмуван во Кротоне, Фросиноне, Бари и Латина, а минатата сезона настапуваше во Серија А за тимот на Парма. Откако Парма објави банкрот и се пресели во најниска лига на натпреварување, Ристовски по истекот на договорот замина како слободен играч.

За Ријека, Ристовски потпиша три годишен договор со можност за продолжување на уште една година. Тој изјави дека „Ријека и публиката го заслужуваат трофејот оваа година.“

Минатата сезона Ријека заврши на второто место од Хрватската Прва лига со што обезбеди учество во Лигата на Европа, а во следното квалификациско коло Ријека го чека победникот од дуелот Шкендија-Аберден.

WebOhrid