Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Р.Косово во Р.Македонија, Илбер Хиса.
Се разговараше за актуелната политичка криза во Македонија и за конфликтот што се случи Куманово.
Во врска со политичката ситуација, разменети беа детали околу неуспешноста на преговорите и очекувањата од доаѓањата на помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд и еврокомесарот за прошитување, Јоханес Хан.
„Евентуални предлози од меѓународните претставници што се приближни на ставовите на СДСМ, а со коишто се овозможува опозицијата да биде гарант на враќање на демократските институции и организирање фер и демократски избори се вредни за размислување“, рече претседателот Заев.
На средбата беа разменети информации помеѓу претседателот на СДСМ, Заев и амбасадорот на Р.Косово, Хиса за конфликтот во Куманово.