Одбојкарската репрезентација на Македонија денес го одигра петтиот натпревар од Групата А во Европската лига. Македонија во Скопје претрпе пораз 2:3 од Данска.
Првиот сет во целост и припадна на репрезентацијата на Данска. Гостите иако водеа во текот на целиот сет, може да се каже дека се изнамачија за да го добијат со 27:29.
Македонија покажа далеку подобра игра во вториот сет. Водеше во текот на целиот сет и на крајот го доби со 25:18 и изедначи 1:1 во сетови.
Истот случај беше и во третиот сет, Македонија покажа стабилна и сигурна игра и убедливо го доби повторно со 25:18 и дојде во водство 2:1 во сетови.
Четвртиот сет повторно помина во знакот на нашата репрезентација, но во самиот финиш Данска покажа исклучителна борбеност и успеа да изедначи, да дојде во водство и да го добие со 22:25 и да изедначи 2:2 во сетови.
Решавачкиот петти сет се играше рамо до рамо. Данска успеа да избега неколку поени предност, но и покрај тоа што Македонија успеа да изедначи за момент, сепак Данска беше репрезентацијата која направи 2 поени разлика и со 16:18 успеа да го добие сетот и да победи со 2:3 вкупен резултат во сетови.
Во Групата А води Естонија со 15 бодови, пред Полска со 10, Австрија со 8, Македонија со 7 бодови, Данска 5 и Израел со 3 бодови.
Македонија следниот дуел против Данска ќе го игра утре, со почеток во 17:30 часот.
WebOhrid