СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Л. (38), босански државјанин и против В.Р. (65) и Р.С.(51) српски државјани поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“.
На 22-ри јули, во периодот од 00,30 до 03,00 часот во Охрид на ул. „Петар Чаулев“ во хотел „Ди Англо“ пријавените во згодна прилика извршиле две кражби во соби на фински и американски државјани, при што одзеле девизни средства, денари, мобилни телефони, камери и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 47.000 денари.
Од страна на судија од претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.