Концерт на Здравко Чолиќ на 1-ви август во Охрид

Големата музичка ѕвезда на Балканот, миленикот на женските срца, Здравко Чолиќ, на 1-ви август  ќе одржи концерт на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Концертот кој е во организација на компанијата Орфеј ќе биде најголем музички спектакл во Македонија за оваа година.

Eвергрините кои ги знаат сите генерации „Ти си ми у крви“ „Продужи даље“ „Маџарица“ „Пусти моду“ „Звао сам је Емили“ ќе бидат само дел од репертоарот на Чолиќ на 1-ви август во Охрид.

https://www.youtube.com/watch?v=mR-XRYjJ5_Q