Во организација на пливачкиот клуб Охридски бранови 2008 Охрид, традиционално, по 36-ти пат, на 2 август (недела), на патеката Горица-Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон.
Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 35 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10:00 и во 10:15 часот од плажата Голден Бич (поранешен хотел Парк).
Пристигнувањето на пливачите на целта на Градското пристаниште во Охрид се очекува да биде од 10:30 часот.
Вкупно учесници на утрешнот маратон се 34 и тоа: мажи 26, жени 8, од следните клубови:
БЕТА-СКОПЈЕ,
ОРИОН –СКОПЈЕ,
ДЕЛФИН-СКОПЈЕ,
РАБОТНИЧКИ –СКОПЈЕ,
ЈУГ-БИТОЛА,
ОЛИМПИК –БИТОЛА,
ОРКА 2012-БИТОЛА,
РОЕМУНД-ХОЛАНДИЈА,
АКВАТИК-ОКВИЛ КАНАДА,
ЗАБЖЕ- ПОЛСКА,
ДЕЛФИНА – ОХРИД,
АЈНДХОВЕН-ХОЛАНДИЈА
СОЛО ПЛИВАЧИ ОД СКОПЈЕ, ШТИП И РЕСЕН,
И ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008- ОХРИД СО 4 МЛАДИ НАДЕЖНИ ПЛИВАЧИ И ТОА: Круме Балевски, Томе Дуданов, Марко Дуданов и Теодор Тунтев.
Учесниците ќе се поделени во две групи и тоа:
-ПЛИВАЧИ 16 ГОДИНИ И ПОСТАРИ -ПРВА ГРУПА СО СТАРТ ВО 10 ЧАСОТ
-ПЛИВАЧИ 15 ГОДИНИ И ПОМЛАДИ -ВТОРА ГРУПА СО СТАРТ ВО 10 ЧАСОТ И 15 МИНУТИ
ГЕНЕРАЛЕН ПОКРОВИТЕЛ НА 36-ОТ ИЛИНДЕНСКИ МАЛ МАРАТОН Е СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД, А СПОНЗОРИ СЕ: „ЗОРА” ОХРИД , ЛАНЧ БАР „ОБЈЕКТИВ”И „ЛАРС” ОД ШТИП
Најдобрите тројца во машка и женска конкуренција ќе добијат одличја и тоа во двете пливачки категории, а за најдобрите во машка и женска конкуренција во генерален пласман предвидени се и победнички пехари.
За учество на сите пливачи ќе им се доделат благодарници.
Организаторот на маратонот, Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, Охрид на сите граѓани на Република Македонија им го честита големиот македонски празник Илинден.