Вечерна богослужба и света литургија за празникот „Св. Петка“

По повод манастирската слава на манастирот „Света Петка“ – с. Велгошти, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека вечерва, во манастириот „Света Петка“, с. Велгошти, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот.

Утре (сабота), во манастирот „Света Петка“, – с. Велгошти, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 8:30 часот.

Света архиерејска литургија, по повод празникот на „Света Петка“, ќе се служи во црквата „Света Петка“ во манастирот Свети Наум Охридски, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите други парохиски цркви во Охрид.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

2014SvPetkaVelgosti05