Хорот „Света Злата Мегленска“ ги исполни срцата на публиката во „Света Софија“

Концертот на хорот „Света Злата Мегленска“ кој се одржа синоќа во црквата „Света Софија“ под диригентство на Летка Димовска- Полизова имаа можност да го проследат во живо и сите љубители на музичката уметност преку веб-страната на „Охридско лето“, кои не беа во можност да присуствуваат во акустичната црква.

Овој реномиран хор и понуди на публиката уште една прекрасна фестивалска вечер. Женскиот хор „Св.Злата Мегленска“ исполни повеќе композиции од македонски и странски автори. Овој хор­ски ан­самбл, кој по­стои 19 го­ди­ни, има по­ве­ќе од 670 на­ста­пи низ све­тот, а мно­гу од овие па­ту­ва­ња се овен­ча­ни со врв­ни приз­на­ни­ја – до­каз за по­све­те­но­ста и ен­ту­зи­јаз­мот на не­го­ви­те чле­но­ви.

Хо­рот до­се­га има осво­е­но вкуп­но 27 на­гра­ди во по­ве­ќе ка­те­го­рии, и тоа: че­ти­ри гран-при, еди­на­е­сет зла­та, осум сре­бра, три брон­зи, ка­ко и го­лем број приз­на­ни­ја. Со синоќешниот настап продолжува фестивалската традиција, секоја година на програмата да има барем еден хорски концерт.