По повод празникот посветен на Свети Климент, архиепископ Охридски и Св. великомаченик Пантелејмон, синоќа во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, се служеше празнична вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Илјадници верници палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба.
Света архиерејска литургија, по повод празникот ќе се служи и денес со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, митрополитот Струмички г. Наум и митрополитот Европски г. Пимен.
Црквата Свети Климент и Пантелејмон се наоѓа на локалитетот Плаошник во стариот дел на Охрид. Изградена и осветена е во 2002. година. Црквата Свети Климент и Пантелејмон е така наречена во чест на Свети Климент Охридски кој првобитно го изградил храмот на ова место и на Свети Пантелејмон на кого првобитно била посветена.
За многу години празникот!
WebOhrid/А.Андриоски