Сочувство од претседателот на СДСМ Зоран Заев до бугарскиот претседател Плевнелиев

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во свое лично име и во името на Социјалдеморкатскиот сојуз на Македонија упати телеграма со сочувство до бугарскиот претседател Росен Плевнелиев по ненадејната смрт на неговиот 14 годишен син, Филип.

„Изразувам длабоко сочувство до Вас и Вашето семејство за ненадоместливата загуба, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Нема зборови со коишто може да се ублажи тагата и болката за прерано згаснатиот млад живот. Во овие исклучително тешки моменти ја споделуваме огромната болка со Вас и целото Ваше семејство“ стои во телеграмата со сочувство на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.