Во областа на ликовната уметност, во септември e предвидено да се реализираат неколку значајни проекти …
Имено, со поддршка од Министерството за култура, македонскиот уметник Сергеј Андреевски во периодот од 1-ви до 15-ти септември ќе реализира изложба со сликарски перформанс „Молитва на песот“ во рамките на Меѓународниот руско-балкански фестивал „Росбалкфест 2015“ во Москва, а во организација на Амбасадата на РМ во Прага на 10 септември ќе се реализира изложбата „Невидливо Скопје (градот низ урбанистички планови)“.
Исто така, на 5-ти ноември годинава Решат Амети ќе одржи своја изложба во Берлин, Германија, а по повод одбележување на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Азербејџан. На крајот на октомври, на покана од Здружението на азербејџански уметници, Институтот за уметности и култура „Арс акта“ ќе ја реализира изложбата „Во потрага по заедничко тло“ во Центарот за современа уметност во Баку. Во средината на ноември ќе се реализира 5-тото јубилејно издание на „Недела на дизајн во Скопје“ во организација на Здружението „Јавна соба“. Овој настан е од особено значење бидејќи претставува еден вид единствена меѓународна платформа која придонесува за развој на дизајн-сцената во Македонија, но и на глобално ниво ги промовира младите дизајнери и иноватори од Македонија.