СДСМ: До каде оди неодговорноста на власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ покажува токму новата штотуку пуштена во употреба фонтана

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„До каде оди неодговорноста на власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ покажува токму новата штотуку пуштена во употреба фонтана.

Само на метар од фонтаната, а истовремено на метар и од градинка и училиште, како во џунгла да се наоѓаме, а не на главна улица.

На метар од детска градинка и училиште расте шума во којашто има разни животинки, од глувци до змии, а некогаш просторот се користи и како јавен тоалет на случајните минувачи.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ е заинтересирана за скапи канделабри и градење и рушење на фонтаната и по неколку пати, но не и за рационално уредување на околината каде што секојдневно играат нашите деца.

Градоначалникот Бакрачески со леснотија прифати да ги следи политиките на неговиот ментор, премирерот во заминување Никола Груевски во коишто очигледно бизнис интересите се пред интересите на граѓаните.“ – стои во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.

sl6 sl3 sl2