Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа околу 21 часот се случи на магистралниот пат Ќафасан-Подмоље во близина на струшката населба Мислешевски пат.
Од силината на удар од автобус на лице место починала Нафије М. (79) од Струга.
Сообраќајната незгода се случила во момент на непрописно преминување на коловозот од сега починатата и неприлагодена брзина према условите на патот со која се движел автобус „Мерцедес“ со гостиварски регистарски таблици сопственост на „Дурмо турс“ а управуван од Г.Д. (48) од Гостивар.
Во моментот на непрописното преминување на коловозот, сега починатата Нафије М. била удрена со предниот дел од автобусот кој на патот се движел во правец од Струга према селото Подмољје.
На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Струга како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај-Струга.
За време на увидот, магистралниот пат не беше запрен за сообраќај односно сообраќајот се одвиваше со пренасочување на околните улици.