Вчера околу 17 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево на спојката со локалниот пат за село Годивје се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, Лазо Н. (43)од селото Издеглавје општина Дебрца.
Имено, Лазо Н. управувајќи моторно возило марка „Застава-101“ изгубил контрола и преминал на левата страна од коловозот. Притоа, со предниот дел од автомобилот удрил во бетонски sид од шахта за атмосверска вода која, на тој потег од патниот правец била во изградба. За кратко време на местото на тешката сообраќајна незгода пристигнало возило на брза помош при што од медицинските лица била констатирана смрт.
По овластување на јавниот обвинител, полициски екипи од СВР Охрид извршија увид на лице место. По наредба на киобвинител, денес врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и вештачење врз патничкото моторно возило.