Селекторот Друловиќ го објави списокот на играчи за дуелите против Луксембург и Шпанија

Селекторот на македонската А репрезентација, Љубинко Друловиќ го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификациските натпревари против Луксембург на 5. септември на гостински терен и против Шпанија на Националната арена „Филип Втори“ три дена подоцна.

За двата натпревари од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 повикани се следните фудбалери:

Голмани: Томе Пачовски (Вардар), Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија);

Одбрана: Даниел Мојсов (Адана Демирспор, Турција), Ванче Шиков (Австрија Виена, Австрија), Кире Ристевски (Работнички), Владимир Димитровски (Керкира, Грција), Стефан Ристовски (Ријека, Хрватска), Горан Силјановски (Работнички), Стефан Ашковски (Нови Пазар, Србија), Леонард Жута (Хакен, Шведска), Езџан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија);

Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Милован Петровиќ (Работнички), Никола Глигоров (Вардар), Ферхан Хасани (Шкендија), Александар Трајковски (Палермо, Италија), Муарем Муарем (Ескишехирспор, Турција), Агим Ибраими (Марибор);

Напад: Мирко Ивановски (Видеотон, Унгарија), Јован Костовски (Леувен, Белгија, Бесарт Абдурахими (Локерен, Белгија);

По објавувањето на списокот на повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Луксембург и Шпанија, Друловиќ истакна дека не очекувааат двa значајни дуела.

„Пред нас се два важни натпревари, особено дуелот против селекцијата на Луксембург, каде што очекувам да издвојуваме победа која ке ни обезбеди подобра атмосфера пред пресметката со силната Шпанија. Повикав 21 играч, оставив простор да повикам уште двајца. Наш најголем проблем претставува фактот што некој од нашите репрезентативци не се во прв план во своите клубови, не играаат колку што треба и не се носители. Ова претставува голем проблем не само за мене, туку и за селекторите на младите репрезентации“. – изјави Друловиќ.

Селекторот Друловиќ потенцираше дека следниот наш противник во квалификациите, репрезентација на Луксембург е добро анализирана и очекува победа во тој дуел.

„Доста добра ја анализиравме играта на Луксембург, која е доста тврд противник и игра во формација 4-4-2. Не очекува една многу важна средба против тежок противник и само победа се бори. Мора да издвојуваме победа на овој дуел, за да може во добро расположение да ја дочекаме репрезентацијата на Шпанија“, – изјави селекторот на А репрезентацијата на Македонија.