Во тек се натпреварите на овогодинешниот турнир во фудбал за помлади генерации „Фер Плеј КУП 2015“. Натпреварите од турнирот се играат на терените на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ и се во организација на фудбалскиот клуб Фер Плеј, а под покровителство на Општина Охрид.
На турнирот учествуваат 110 екипи од неколку држави од Балканот поделени во неколку генерации на фудбалери и тоа 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006 и 2007. Турнирот трае и во наредните два дена за да заврши со финалните напревари кои ќе се одиграат на градскиот стадион „Билјанини Извори“ и на помошното игралиште со вештачка трева во недела (23 август) со почеток од 9 часот.