Фетах Џан, кој e мошне популарен пејач и композитор, својот прв музички албум го издал во 2010 година, во соработка со Министерството за култура на Република Турција …
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со познатиот турски пејач и текстописец Фетах Џан, кој годинава е гостин на шестото издание на Школата за млади лидери во Охрид кое се одржува во организација на кабинетот на претседателот на РМ, Ѓорге Иванов.
На средбата, министерката за култура потенцираше дека Република Македонија и Република Турција имаат одлични односи во областа на културата кои се одликуваат со реализација на бројни проекти и размена на уметници меѓу двете земји. Двајцата соговорници, меѓудругото, дискутираа и околу можностите за остварување на соработка помеѓу македонските уметници и овој врвен турски композитор кој во моментов е еден од најангажираните во Република Турција, како и реализација на проекти преку кои ќе се афирмираат македонската и турската музика.
Фетах Џан, кој e мошне популарен пејач и композитор, својот прв музички албум го издал во 2010 година, во соработка со Министерството за култура на Република Турција. Во изминатите години, Џан кој има македонско потекло, остварил соработка со најреномираните музички изведувачи во Република Турција и пошироко, а песните кои ги изведува и ги создава за други уметници мошне високо котираат на музичките листи.