Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Даниел Митов.
Соговорниците дадоа позитивна оценка за односите меѓу двете земји, и ја истакнаа заложбата и потребата за нивно дополнително интензивирање во сферите од заемен интерес.
Премиерот Груевски на средбата истакна дека Република Македонија се залага за континуирано унапредување на добрососедските односи што ќе придонесе за подлабока политичка и економска соработка во регионот.
Соговорниците разговараа и за работата на работните групи на министерствата за надворешни работи во врска со договорот за добрососедство помеѓу двете земји.
Двете страни ја истакнаа отвореноста на државата за соработка за проекти во областа на патната и железничката инфраструктура, како и интересот за зголемена економска сораб