Фудбалскиот натпревар се одигра во пресрет на Виенскиот самит на земјите од Западен Балкан 2015 чиј што покровител е токму Европската Унија, а започна како дел од Берлинската иницијатива за инклузија на Западниот Балкан во рамките на ЕУ.
Западен Балкан го победи тимот на ЕУ со 4:2 на фудбалскиот натпревар кој синоќа се одигра во австрискиот главен град Виена. Премиерот Никола Груевски даде два, а асистираше при реализација на другите два гола.
За тимот на идните членки на ЕУ, покрај македонскиот премиер настапија и шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи, министерот за надворешни работи на БиХ Игор Црнодак, неговиот колега од Црна Гора Игор Лукчиќ и претставници на Минитерството н за надворешни работи на Австрија.
Екипата на ЕУ беше предводена од премиерот на Словенија Миро Церар и шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц. Правдата на натпреварот ја делеа еврокомесарот Јоханес Хан и министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.