Работнички елиминиран од евро-сцената

Работнички со пораз ги заврши квалификациите за Лигата на Европа.

На реваншот во Казан, Русија, домашниот тим Рубин успеа да победи со 1:0 и да се пласира во групната фаза од Лигата Европа.

По првиот дуел кој во Скопје заврши 1:1, Работнички мораше да оди на постигнување гол, бидејќи екипата на Рубин имаше предност поради голот во гости.

Првото полувреме помина со доминантна игра на Рубин. Феноменалниот Даниел Божиновски на голот на Работнички во неколку наврати одбрани изгледни шанси за гол, но само до 35 минута кога Рубин Казан дојде во водство 1:0 со голот на Карлос Едуардо.

Во второто полувреме противникот одлучи да го брани резултатот и дозволи да го имаме поседот врз топката. И покрај тоа што Работнички имаше свои шанси, на крајот не успеа да постигне гол со кој би се вратиле во игра. 

Рубин победи против Работнички со 1:0 (вкупно 2:1). Тоа значеше елиминација на Работнички од Лигата на Европа, но во секој случај, огромен успех е што еден македонски тим стигнал до оваа фаза од натпреварувањата на европска сцена.

WebOhrid