Хуманитарна акција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Охрид „Биди хуман – донирај“

Утре, Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ – Охрид ќе спроведе хуманитарна акција под мотото „Биди хуман – донирај“.

Сите граѓани кои сакаат да донираат чиста облека, обувки, средства за хигиена, употребливи апарати за домаќинство и/или играчки, истите ќе можат да ги достават на штандот кој ќе биде поставен кај Стариот Чинар (фонтаната) од 17 часот. 

Собраните средства ќе бидат донирани на многудетни семејства, семејства со социјален ризик, деца без родители и родителска грижа…