По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми септември, во вторник, Здружението Охридски Атлетски Маратон 2012 го организира 29-иот традицонален меѓународен атлетски маратон Свети Наум – Охрид во должина од 30 км.
Трката започнува во 9 часот од караулата кај Свети Наум и се трча до Центарот за култура „Григор Прличев“. Се очекува првите маратонци да пристигнат околу 10:30 часот.