Македонија претрпе минимален пораз од Шпанија

А репрезентацијата на Македонија доживеа минимален пораз од Шпанија, но одигра одличен натпревар. По еден центаршут на Мата од десната страна, Томе Пачовски несреќно интервенираше и постигна автогол во 8 минута од средбата.

Нашата селекција претпре пораз со 1:0 од Шпанија во 8-миот натпревар од групата Ц во квалификациите за Европското Првенство што во 2016 ќе се одржи во Франција. Македонија одигра одличен натпревар против силната селекција на Шпанија, и беше рамноправен противник во сите 90 минути. Одлични можности за постигнување на гол кај нас не искористија Хасани и Петровиќ, додека најдобрата шанса кај противникот ја имаше Карвахал кон крајот на првиот дел.

Македонија – Шпанија 0:1 (0:1)

МАКЕДОНИЈА: Пачовски, Брдаровски, Ристевски, Шиков, Жута, Петровиќ, Глигоров, Ашковски (76’ Барди), Хасани, Радески (85’ Ибраими), Ивановски (68’ Трајковски).

ШПАНИЈА: Де Хеа, Карвахал, Пике, Рамос, Бернат, Бускетс, Мата, Казорла (68’ Коке), Силва, Иско (78’ Иниеста), Коста (60’ Алкасер).