Упис на нови членови при Драмското студио за деца и младиници при Центарот за култура во Охрид

Во тек се уписите за нови членови при Драмското студио за деца и младинци при НУЦК „Григор Прличев“ Охрид. Драмското студио го води професионален тим од Народен Театар Охрид и се отворени за деца и млади од 5-18 години кои ќе бидат поделени во различни возрасни групи.

Сите заинтересирани можат да се пријават на телефон 046 261 063, оставајќи ги следниве податоци: Име и презиме, возраст и контакт телефон.

Официјалниот почеток на новата сезона работилници на драмското студио ќе започне на 3-ти Октомври 2015 година, во 16.00 часот.