Во јули зголемен прометот во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, изнесува 105.4.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јули 2015, во однос на јули 2014 година, бележи пораст од 2.7%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 6.3%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, бележи пораст од 1.2%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 5.6%.

Според главните индустриски групи, прометот во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 378.3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.8%, Капитални производи за 23.4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 9.4%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.7%.

Индексот на прометот во индустријата во јули 2015 година, во однос на јуни 2015 година, изнесува 91.9, додека во периодот јануари-јули 2015 година, во однос на периодот јануари-јули 2014 година, изнесува 108.3.