Утре прекин на водоснабдувањето на дел од улицата „7-ми Ноември“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат утре (среда) поради менување на шибери во кругот на „Кам Маркет” на улица 7-ми Ноември ќе има прекин на водоснабдувањето на дел од улица 7-ми Ноември и тоа од раскрсницата со ул. Егејска до стара бензиска во период од 08:00 до 11:00 часот.