Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Црнадак.
На средбата, премиерот Груевски и министерот Црнадак позитивно го оцениле досегашниот развој на односите меѓу двете земји, со заедничка заложба за нивно натамошно интензивирање и надоградување со нови форми на соработка.
Двајцата искажале подготвеност за интензивирање на економската соработка, преку засилување на инвестициската активност и трговската размена.
Груевски и Црнадак се заложиле за зголемување на регионалната соработка како начин за интегрирање на регионот и градење пријателски односи меѓу државите.