Средношколците од Охрид и Струга реализираа едукативна екскурзија во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието

На 18-ти септември во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на Министерството за образование и УСАИД, за средношколците од Охрид и Струга се реализира еднодневна едукативна екскурзија и посета на туристичките локалитети во Охрид.

„Целта беше запознавање на нашето заедничко културно историско наследство со кое се презентираме пред светот и преку кого се осознаваме самите.Беа вклучени учениците од прва до четврта година од охридската гимназија „Св.Климент Охридски” и струшката гимназија „Др.Ибрахим Темо”. Убавите впечатоци од дружењето, наскоро ќе се обноват и со возвратна посета на Струга во организација на нашите гости.“ – информираат од охридската гимназија.

Во реализацијата на активноста беа вклучени директорот на охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ – Звонко Трпески, координаторот на проектот Алберта Гулицовска, менторите Менка Ѓореска и Рената Арнаудова, како и професорите од струшката гимназија „Др. Ибрахим Темо“: Arta Poshka Qoku, Rajmonda Mamudi, Gyner Mahmud и Diana Shehu, a со поддршка на Секторот за образование при Општина Охрид.

pmio2