Генерална дебата на 70-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите Нации

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски ќе учествува на генералната дебата на 70-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации како и на Самитот за пост 2015-та развојна агенда, на кои ќе има свои обраќања.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, како дел од делегацијата на Република Македонија предводена од Претседателот на Владата Груевски од 27-ми септември до 2-ри октомври ќе учествува на генералната дебата на 70-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, вклучително и на Самитот за пост 2015-та развојна агенда.

За време на престојот во седиштето на Обединетите нации, ПВРМ Груевски и МНР Попоски ќе остварат бројни билатерални средби со свои колеги.