Пајакот преместуваше возила на паркингот кај Музичкото – активностите започнаа ден порано

Денес покрај паркингот кај Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид осамнаа натписи на кои беше истакнато дека: „На 29.09.2015 не паркирајте во паркингов, ќе се работи“.

Но, почна да се работи еден ден порано, a oткако објективот на WebOhrid ги регистрира натписите тие беа преправени дека ќе се работи и на 28 и на 29-ти.

Што се случи потоа!?

Бидејќи имаше паркирани возила кои не знаеа за ваквата акција, мораше да реагира „пајакот“ кој почна да ги преместува возилата од едно место на друго.

Станува збор за асфалтирање на паркингот кај музичкото училиште, а бидејќи денес машините биле на располагање, надлежните решиле да почнат еден ден порано.

Денес се припремаше теренот, а во текот на утрешниот ден ќе започне асфалтирањето на овој паркинг.

WebOhrid