Утре во малата сала на општина Охрид, ќе се одржи седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Охрид со следниов дневен ред:
- Усвојување на записникот од конститутивната седница на Советот
- Извештај за одржаните активности кои Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, ги реализира во периодот јуни-септември 2015 година
- Избор на заменик претседател на Советот
- Информација за претстојната активност на Републичкиот совет за безбедност на патиштата во сообраќајот поврзана со Втората национална стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020 година
- Тековни работи поврзани со Програмата за работата на Советот
- Разно.