Отслужена света архиерејска литургија во „Св.Софија“

Денес православните христијани го слават споменот на светите маченички Вера, Нада, Љубов и мајка им Софија.

Во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоерите Димче Ѓорѓиески и Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.

По завршувањето на Литургијата, а со благослов на Митрополитот Тимотеј, кон многубројниот верен народ, со пригодно слово се обрати свештеникот Ѓорѓи Блажески.