Се е подготвено за почетокот на Вино Скоп 2015. На паркингот позади спортската сала „Борис Трајковски“ кај Аква Паркот веќе се поставени 20-те штандови и шаторите на најдобрите македонски винарии- Тиквеш, Картал, Стоби, Повардарие, Визба Валандово, Лозар, Дудин, Бовин, Сковин, Пивка, Шате Сопот, Далвина, Камник и Винотека Темов.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во врвни вина по промотивни цени на секој од штандовите, а да пробаат и нешто поразлично на штандот со вински коктели- сангрија и вино мохито.
Доброто вино оди со добро мезе, а на фестивалот ќе има неколку места каде што ќе може да се пробаат вкусни македонски деликатеси- сирења, кашкавал, скара, сувомеснати производи. За првпат оваа година ќе има и веган корнер- штанд со веганска храна.
Фестивалот го отвора Дј Тина во 17:00, а по неа следуваат Chill Play, Eye Cue, Тајзи и гостите од Црна Гора и Србија- Бојан Маровиќ и Дејан Цукиќ Цуки.
Како и секоја година, така и оваа традиционално плаќањето се врши со фестивалски бонови, кои ќе може да ги купите на влезовите на фестивалот.