Агенцијата за храна и ветеринарство ќе се претстави на „Агрофуд 2015″

Од денес до недела, Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе биде дел од традиционалниот меѓународен саем за широка потрошувачка „Агрофуд 2015″.

На оваа манифестација, во првата хала, компаниите од земјоделско – прехранбениот сектор и граѓаните, ќе можат да добијат информации од делокругот на работа на Агенцијата за храна и ветеринарство кои се однесуваат на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, да дадат предлози за унапредување на соработката како и да постават прашања кои се од нивни интерес.

Оваа саемска манифестација се организира 65-та година по ред и годинава става акцент на македонската традиционална зимница и на органските производи. На годинашниот „Агрофуд ” ќе се претстават компании од конзервната индустрија, земјоделската механизација, индустријата за амбалажирање и пакување, како и од областа на производство на опрема за прехранбената индустрија.

„Агрофуд” ќе биде отворен од 11 до 19 часот. Влезот на ова саемска манифестација е бесплатен.