Македонија на рекордно најниско место на најновата ФИФА листа

Фудбалската репрезентација на Македонија го забележа досега најниското место на ФИФА рејтинг листата.

Според најновата листа, Македонија забележа пад од дури 28 места и моментално е на 132 место од вкупно 208 репрезентации.

На врвот на ФИФА рејтинг листата и понатаму останува Аргентина, додека пак на второто место се искачи Германија, со што Белгија падна на трето место.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Либерија, со скок од +65 места се најде на 95 место, додека пак најголем пад од -28 места имаа репрезентациите на Македонија (132) и Кипар (114).

WebOhrid