Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Косово во интерес на двете земји

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонијо Милошоски, оствари средба со Дуда Балје, потпретседател на Косовското собрание, која е во прва официјална посета на Македонското собрание.

Потпретседателот Милошоски изрази задоволство што е домаќин на средба со Балје, која доаѓа од земја со која имаме добра билатерална соработка, но и во рамките на двата парламента.

Република Македонија има интерес за пријателски, економски, политички и билатерален развој на односите со Косово, особено за продлабочување на културната размена помеѓу двете земји.

Потпретседателот на Косовското собрание, Балје, изрази благодарност за досегашната добра соработка помеѓу двете земји, воедно го поздрави и неодамнешното формирање на Пратеничка група за соработка со Македонија во Парламентот на Косово.

На средбата соговорниците разменија искуства за приоритетите на двете држави, визната либерализација кон која Косово се стреми, а Македонија ја има, за моменталната политичка состојба и изборите коишто им претстојат во текот на наредната година, како и неможноста за нормално функционирање на Косовскиот парламент поради опозицијата.

На крајот од средбата, присутните се согласија дека ваквата комуникација на пратеници на сите нивоа ќе ја зголеми довербата и соработката меѓу двете земји и ќе ја продлабочи парламентарната соработка меѓу Парламентите.

Miloshoski-Balje1