На втори октомври со ученици од I и II година од гимназијата „Св. Климент Охридски“ во организација на професорите по историја Ристе Николески и по географија Менка Ѓореска беше реализирана еднодневна наставно – рекреативна екскурзија.
Учениците се запознаа со значењето на домегалитската опсерваторија „Кокино“. Опсерваторијата се наоѓа на неовулкански рид, со надморска висина од 1013 метри. Природната предиспозиција на андезитните карпи да пукаат во вертикална и хоризонталнанасока на праисториските жители (од бронзениот период) им овозможила на лесен начинда ги обликуваат елементите на опсерваторијата сместени на две скалесто поставени платформи. Камени маркери ги означуваат местата на изгревање на Сонцето на денот надолгоденицата, пролетна и есенска рамноденица и кусоденицата, како и Месечината во денот намаксимално и минимално отстапување во зимскиот и летниот период. Нееднакво траење на денот и ноќта е последица од Земјината револуција, тема која се изучива во I година, а составот на карпитево II година гимназиско образование. Интересен е податокот дека тоа го знаеле и праисториските жители. Мерењата и пресметките покажуваат дека опсерваторијата е „изградена“ 1 800 година пр.н.е.и според листата на НАСА од 15 стари опсерватории во светот, „Кокино“ е рангирана на 4 место. Потоа патувањето продолжи кон градот Скопје.
Полни со ентузијазам учениците пристигнаа во Скопје, каде што во помали групи ги посетија музеите.
Според програмата за прва година по предметот историја, каде во првата тема се обработува Македонија во праисторијата, за подобро запознавање со артефактите пронајдени токму воМакедонија, учениците го посетија Археолошкиот музеј каде што периодично е претставена историјата на Македонија, преку археолошки артефакти, од кои дел се и за праисторијата. При посетата на Археолошкиот музеј, учениците се здобија со поголеми знаења за животот и културата на македонците во праисторијата, а бидејќи беше посетен и Меморијалниот музеј на Холокаустот учениците се здобија со знаења за животот на евреите во Македонија и нивно депортирање во концентрационите логори. По посетата на Археолошкиот музеј и Меморијалниот музеј на Холокаустот учениците имаа слободно време да се прошетаат низ градот Скопје, да ги разгледаат новите споменици и градби, да се релаксираат и да се дружат меѓу себе.