Во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, денес, училиштето „Св. Наум Охридски“ во Пештани, беше посетено од Библиотеката на тркала. Во активностите што ги реализираа од фондацијата активно учество зедоа учениците од прво до петто одделение од централното училиште, заедно со своите наставници и родителите.Со учеството во повеќето групни активности за забавно учење, учениците поминаа повеќечасовно учење и дружење заедно со координаторите од фондацијата каде преку игра го развиваа логичкото и проблемското размислување и го вежбаа изразното читање и изразување.
Во групната активност за забавно учење математика преку игра со картички и плочки, учениците на интересен и забавен начин ги вежбаа и утврдија математичките операции кои ги изучуваат во почетните одделенија.
Со активностите во дигиталната библиотека преку читање и развивање на усното изразување, учениците зедоа активно учество читајќи сликовници и следејќи читање и слушање на дигитални сликовници преку кои го развиваа интересот и љубовта кон книгите.
Учениците исто така покажаа голем интерес и за групната активност со цртање каде на свој афтентичен и забавен начин ги искажаа своите желби и интереси кон книгата и пишаниот збор.
Дружењето со Библиотеката на тркала и учењето преку игра на забавен и интересн начин следната недела продолжува со учениците од прво до петто одделение во подрачните училишта со селата Трпејца, Елшани и Коњско.Бидејќи поминавме убаво и забавно со пријателите од фондацијата Чекор по чекор, ние учениците при ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани си ветивме уште многу вакви заеднички активности во блиска иднина.