Ученици од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ го посетија Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје

Викендов, Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид, организираше посета на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, музеј на ВМРО и музеј на жртвите од комунистичкиот режим.

EMUC_Muzej_Skopje_2

Училишната екскурзија имаше за цел усвојување и проширување на знаењата на учениците, развивање позитивен однос кон националните, уметничките, научните и културните вредности во Република Македонија, развивање чувство за патриотизам, толеранција и соживот, како и поттикнување и манифестирање на позитивни емоции, другарување и подршка, солидарност и подобро взаемно запознавање.

EMUC_Muzej_Skopje_3