Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна:
„Во интерес на соработката можам да кажам дека денеска со потпретседателот на Владата и со дел од службите коишто работат во владините институции, разговаравме и тие се информирани целосно за она што беше дел од споделувањето на прислушуваните материјали во Македонија и она што допираше до државата Израел. Секако изразуваат респект заради внимателноста на целиот овој процес којшто опозицијата го направи, поради тоа што се работи за технологија којашто е изработена овде во Израел, но сепак е на користење во Македонија и се користи во делот на она што беа детали – не би ги споделувал со јавноста заради тоа што се во интерес на демократските процеси на идниот развој на нашата Македонија.“– изјави Заев.