По објавениот конкурс за избор на најдобри литературни и ликовни творби на тема „Природата порачува- спасувај не загадувај“ , што го распиша Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Локалната самоуправа, жири комисијата ги објави наградените трудови.
Од пристигнатите литературни творби првата награда во висина од 7.000,00 денари ја освои Ана Марија Јанковска, VII одделение од ОУ „Христо Узунов“ , втората во висина од 5.000,00 денари, Никола Сандрески, IVодделние, од ОУ „Кочо Рацин“, а третата награда во висина од 3.000,00 денари, Сара Ламбеска, VI одделение, од ОУ „Григор Прличев“.
Од пристигнатите ликовни творби првата награда во висина од 7.000,00 денари ја освои Андреј Ристоски , од ОУ „Св.Наум Охридски“ , втората награда во висина од 5.000,00 денари, Драгана Каневче, V одделение, од ОУ„Григор Прличев“, а третата награда во висина од 3.000,00 денари Христијана Арнаудоска, од ОУ„ Григор Прличев“ .
Се информираат наградените ученици во придружба на родител да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид, во канцеларијата на ул. „ Димитар Влахов“ над Црвен крст Охрид.