Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,64% или за 7,975 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 0,54% или 2,375 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 9,80% или за околу 20,725 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,39%.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,06%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.10.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,795 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 05.10.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,883 ден/кг.