На 24.10.2015 година во 09.05 часот на ГП-Св.Наум, за излез од Р.Македонија се пријавило ПМВ “Шкода Фаворит“ со охридски регистарски ознаки управувано од полскиот државјанин З.Х.(51). При извршената гранична проверка било утврдено дека возилото е сопственост на Љ.С.(62) од с.Елшани–Охрид, а странскиот државјанин не поседувал Одобрение за управување туѓо возило и Меѓународно осигурување (зелен картон). Поради основи на сомнение дека се работи за кривично дело „кражба на моторно возило“, полскиот државјанин бил лишен од слобода и приведен во ПС. Во возилото биле пронајдени лични документи на К.С.(39) од Елшани-Охрид. Со истиот бил обавен разговор, при што потврдил дека горенаведеното ПМВ е украдено. Полскиот државјанин и ПМВ се задржани во ПС за ГП и ГН-Св Наум и истиот е изведен пред недлежен судија при што му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена.