Со цел подобрување на водоснабдувањето, МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид започна со изведба на нова главна водоводна линија ф160мм во село Лескоец.
Проектот кој се реализира во соработка со Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид ќе се реализира во три фази од кои првата во должина од 500 метри.